
„Кафеманите“ или поточно страствените љубители на кафето реагираат за високите цени на кафето во последните месеци.
Се чини, дека посебно гласни се поплаките за цените на турското мелено кафе и лименките нескафе низ македонските маркети.
На социјалните мрежи сè погласни се реакциите дека обичното турско кафе е речиси двојно поскапено во изминатите година-две.
- Ако пред две години купував 200 грама кафе за 80 денари, сега истото пакетче оди по цена од 150, 160 денари, споделува скопјанка.
Македонците целат дека токму ова кафе е некако задолжително за секој дом. Исто така, „македнскито бон-тон“ налага кога се оди на гости да се носи кафе за подарок.
Поскапени се и лименките нескафе.
Шолја кафе, секојдневната рутина со која многумина го започнуваат денот, ги чини македонските граѓани за 18,3 отсто поскапо отколку една година порано.
Но, повисоките цени на кафето се реалност за цел свет, не се случува ова само во Макеоднија.
Аналитичарите предупредија дека на почетокот на годинава поскапувањето ќе се почувствува во целиот свет, во сите супермаркети и во угостителството! Сушата во Бразил, најголемиот светски производител на кафе, е толку голема што годинава се очекува дури 30% послаб род во споредба со лани.
Бразил покрива една третина од целата светска побарувачка на кафе, но земјата поминува низ рекордна суша, незапаметена во последните 30 години.