Кафетериите на бензинските пумпи ново место за собирање на младите

Откако Владата ги затвори сите ресторани и кафулиња поради спречување на ширење на опасниот и заразен коронавирус, дел од граѓаните се снајдоа.

Изминативе денови кафетериите на бензинските пумпи беа полни со луѓе дојдени на кафе муабет. 

,,Несовесноста може скапо да нѐ чини!

И покрај препораките на Министерството за здравство на Македонија, и покрај реалниот ризик од корона вирусот, македонските граѓани се непомирливи практикувачи на собири за заедничко кафе. Не ги премислува ниту затворањето на кафеаните и кафулињата. Тие се креативни, па ги користат кафетериите на бензинските пумпи како места за вечерно дружење. На тој начин, не се изложени на ризикот од корона вирусот само уживателите на кафе и муабет, туку и вработените на бензинските пумпи“-објави на својот ФБ профил, Јорго Огненвски, претседател на партијата Демократи.

Тој побара полицијата да реагира.

,, Вечерва, во 22.10 часот, на бензинската пумпа на Макпетрол во Карпош 3 глетката беше поразителна. Неодговорното однесување на некои граѓани е несфатливо, но исто така е несфатливо и однесувањето на раководството на Макпетрол кое треба да се ангажира во заштита на здравјето на своите вработени. Фотографиите направени пред половина час покажуваат дека македонските граѓани се крајно несериозни кон своето и туѓото здравје, што е за секоја осуда“-вели Огненовски. (АКО.мк)