Ова кафе е здраво и со одличен вкус.
Потребни се само три состојки.
1 шолја топло кафе по ваш избор
1 лажица путер од кикирики или било каков друг путер од јаткасти плодови
малку мед (или друг природен засладувач по избор) за засладување
Ставете го путерот од кикирики со медот и стоплете го во микробранова печка околу 20 секунди. Доколку немате микробранова печка, ставете ги состојките на шпорет, но на ниска топлина.
Измешајте добро и потоа додадете го во блендер заедно со свареното кафе. Блендирајте околу 30 секунди.
Уживајте во вкусот.