„Кафе на Партизанска има звук на автобус 5-ка, кафе на Канео - бранови и галеби“ - Стигнаа првите поплаки за цените во Охрид

Скопјани повторно се жалат на цените во Охрид. Кафе, салата, пица, ручек скапо „им се фаќа“. 

На оваа тема која е актуелна на секој старт на летната сезона во македонскиот бисер-Охрид, се огласи „твитерџија“ кој ги соочи аргументите!

Ќе се согласите ли со него? Охрид продава храна или атмосфера?

Ова е неговата објава во целост: 

- За овие што се жалат за цените на кафиња и храна во Охрид… не го плаќаш зрното кафе. Го плаќаш езерото. Погледот. Масата на 2 метра од вода. Фактот што седиш у град што пола Балкан сака да дојде бар 3 дена годишно. И у Скопје има кафе од исто зрно па пак седиш до контејнер у Дебар Маало и плаќаш 180 денари.

Не е исто кафе на Партизанска и кафе на Канео. Едното има звук од автобус 5ка. Другото има бранови и галеби. Луѓево сакаат цени од 2009, а апартман да бараат со private beach feeling. Не иде така. Сите би сакале Охрид да е евтин… ама истите тие ако имаат локал таму први ќе стават “premium experience”.

Три месеци сезона има градот. За тие 90 дена живеат цела година. И после: “леле салатата 450 денари”. Брат, не ја плаќаш салатата и ѓомлезето. Ја плаќаш локацијата што некој ја чекаше 20 години да ја земе. Охрид не продава храна. Продава атмосфера. И најјако ми е кога некој ќе се буни за цена, а 20 минути после ќе даде 3000 денари у кафана у Скопје за да слуша лош кавер од Цеца. Не ти е скапо кафето. Туку ти смета што реално сфаќаш колку све поскапело. А и да не се лажеме… пола од луѓево не идат у Охрид за капење. Идат за storyња со езеро у позадина и “finally recharged” caption.