Кафаните полека стануваат луксуз, за една година цените се зголемени за 6 отсто

Кафаните во Македонија полека стануваат луксуз за граѓаните. Според Државниот завод за статистика цените на угостителските услуги во октомври во споредба со септември бележат зголемување од 1,1 процент, а во однос на октомври лани зголемување за 6,1 процент.

Податоците што денеска ги објави ДЗС покажуваат дека кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари - октомври во однос на истиот период лани е зголемен за 5,6 проценти, а во однос на декември минатата година за 3 проценти.