Каде утрово беше забележана најниската температура?

Утрово најстудено со -17 степени беше во Берово, 16 Маврови Анови, -14 Крива Паланка, -13 Битола, Тетово, -12 Дебар, Попова Шапка, -11 Струмица, Крушево, -10 Прилеп, Охрид, Претор, Штип, Демир Капија, -9 Скопје, Виница, -5 Куманово, -4 Дојран, -2 Гевгелија.

Висината на снежната покривка е 39 см во Маврови Анови, 31 Попова Шапка, 15 Пожаране, 13 Крушево, 7 Крива Паланка, 5 Охрид, 4 Битола, Тетово, Ѓуриште, 2 Берово, 1 Виница.

Преку ноќта малку до умерено облачно и многу студено. Утрово во западните делови и на крајниот југоисток е сончево, а во останатите делови преовладува значително облачно време. На места дува слаб ветер од северен правец.

Во западните делови сончево, а во останатите умерено до значително облачно време и студено. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието попладне повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од -2 до 7 степени.