Времето налага да се биде во чекор со она што го бараат луѓето, но секако една работа е постојана и никогаш не се менува – традиционалните слатки.
Во ова време-невреме, кога сите некаде брзаат, во слаткарниците во Старата скопска чаршија ќе најдете малку спокојството и убаво уживање.
Странците се чести гости, особено лете, Италијанци, Кинези, Америкнаци секогаш купува сладолед, орасници, падобранци направени по уникатни рецепт пренесувани од генерација на генерација.
Ашурето е необично ориентално слатко, зготвено од одлична мешавина на состојки, кои можат да се комбинираат и одделно. Главната смеса е овошно пелте во преубава бордо-нијанса, кое има арома на трендафилче, а во неговата внатрешност се заробени зрна варена пченица, суво грозје и сечкани урми.
Во витрината убаво изгледа и сутлијашот направен од топло млеко и ориз, посипен со цимет? Аромата потсетува на нашите детства, кога секоја наша лутина или немир бабите ги решаваа само со една лажица сутлијаш.
Во џагорот на слаткарниците секогаш се препознаваат по неколку паралелни муабети – на македонски, турски, албански, па и англиски јазик.
Затоа, ако наминете кон чаршијата, пробајте ги, секако, ашурето, казандибот и млечникот.