Каде може да ја најдете најдобрата симит-погача во Скопје?

Скопје е препознатливо по традиционално јадење симит-погача, но се чини дека автентичниот вкус полека исчезнува.

Скопјани коментираат дека она што денеска се нуди низ фурните и пекарниците е налик на популарните симитки, бидејќи се прават со палмина маст, но ни од далеку го нема оној препознатлив вкус како во минатото. 

- Нема повеќе симитки во Скопје како некогаш. Во последниве 30 години останаа само две места каде вкусот потсетува како некогашните симит погачи, вели еден скопјанец.

 -Во Фурна Козле ми е највкусен, споделува еден скопјанец.

-Фурна Бит Пазар кај ковачите и самарџиите, единствено таму може да ги најдете традиционалните симитки, вкус и квалитет кој не е променет со децении, вели друг скопјанец.

-За овој специјалитет важно е тестото, начинот на кој се подготвува, но и дозата на мрснотии на „филот’, коментира еден скопјанец.

-Дефинитивно во старата скопска чаршија, низ другите пекарници се обидуваат да го доловат вкусот, но не е тоа тоа, вели еден повозрасен скопјанец.

Симит-погачата е скопски локален бренд, кој веќе е извезен како скопски во Истанбул, Призрен и на други места.

Симит-погачата не е леб, а не е ни пита. Лебот е симит, а питата – погача, а симит-погачата е целина, која мора да ја пробате доколку сте во Скопје!