Каде ќе вее снег во следните денови?

УХМР ја објави прогнозата за следните три дена, при што најави дека може да се очекуваат врнежи од дожд и снег.

Утре ќе биде претежно облачно, попладне во западните и југозападните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Во четврток нè очекува облачно, претпладне со локални врнежи, на планините и во повисоките места од снег, а во пониските делови од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од југоисточен ветер.

Во петок ќе биде претежно облачно со локални слаби врнежи претежно од снег, долж Повардарието од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.