Каде ќе нема струја и вода утре (вторник)?

Утре (20.09.22), поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат корисниците на ул. Ѓорѓи Динката, О. Кисела Вода во период од 8.30 до 15 часот, како и корисниците на ул. Михаил и Ефтихиј, во О. Кисела Вода, во истиот период од денот. 

Ова е најновата информација од Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН. Центарот информира и дека од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат и за прекинато водоснабдување, исто така во текот на утрешниот ден (вторник), заради технички зафати во водоводната инсталација, на следните места:

-Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците ул.Бутелска раскрсница со ул.Рудо, Марко Крале,
Приштинска, Зуфер Мусиќ, Андре Мазон, Коле Канински, Мрежичка и Мостарска од 09:00 часот до
отстранување на техничкиот проблем. - се вели во соопштението.