Каде е најзагаден воздухот во Скопје?

Во сите скопски општини, Тетово, Битола и Кавадарци се регистрирани високи концентрации на ПМ10 честичките.

Според мерењата, загаденоста е најголема во вечерните и ноќните часови, кога на мерните станици се регистрирани концентрации од 250 микрограми на метар квадратен во Лисиче и Тетово, 230 во Битола и Кавадарци, во Центар, Карпош и Газиу Баба 180 и по 100 микрограми на метар кубен во Миладиновци и кај Ректорат во Скопје.

Концентрациите на ПМ10 честичките се намалени од утринските часови, но се над дозволените 35 микрограми на метар кубен.