
Скопјанка синоќа пријавила дека вчера на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и нејзината 16-годишна ќерка влегле во возилото на извесен В.С., кој потоа во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со малолетничката заедно заминал.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (30.11.2025) во 23:00 часoт во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 14-годишен син и нејзината 16-годишна ќерка влегле во патничко возило „опел“ управувано од В.С., кој во возилото физички го нападнал малолетникот и го оставил во населбата Сингелиќ, а со малолетничката заминал со возилото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.