К-15 сепак не ги следува сите вработени – еве кој нема да земе оваа година

Исплата на к-15 не треба да очекувате доколку е исполнет еден од следните услови:

1. Вработен сте во некоја јавна институција, односно во јавниот сектор. Вработените во јавните институции се уште немаат право на к-15 бидејќи со нивниот Колективен договор од 2010 тоа не е пропишано.

2. Имате стаж во фирмата кој не е подолг од шест месеци со што автоматски не ви следува исплата на регрес за годишен одмор. К-15 се исплаќа само на работниците кои се пријавени кај ист работодавач најмалку шест месеци

3. Доколку работите кај еден ист работодавач подолг период од шест месеци меѓутоа имате прекин во работниот стаж.