ЈСП информира дека по повод верскиот празник Велигден, за време на продолжениот викенд од петок до понеделник, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
„Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Во петок и недела дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар.
Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник вообичаено како и секој понеделник нема да работи“, се вели во соопштението на ЈСП.