ЈСП: Од четврток јавниот превоз ќе продолжи по редуциран зимски возен ред

Утре поради верскиот празник Богојавление, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Воедно, Јавното сообраќајно претпријатие информира дека од четврток (20.01.2022 год), јавниот превоз ќе продолжи да функционира по редуциран зимски возен ред, со оглед на одлуката за продолжување на училишниот зимски распуст.

Ваквиот режим на функционирање на јавниот превоз ќе важи се до завршување на распустот, односно до 1 февруари.