ЈСП: Електричните автобуси ќе го заменат трамвајот во Скопје

Постапката за набавка на нови автобуси сеуште не е започната. До сега е направена само предпостапка со која се истражува пазарот за можните компании кои ги влегле во трка за испорака на ваков тип автобуси. ЈСП ќе набави 20 големи зглобни автобуси и 30 минибуси. Тенденцијата на ЈСП е големите автобуси да работат на најнова технологија со кондензатори каде што нема класично полнење на батериите, туку тие се полнат на почната и крајната станица.

Игор Јанушев, директор на ЈСП Скопје вели дека овој проект е замислено да го замени трамвајот и истите би се движеле низ централното градско подрајче, од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Новите автобуси ќе обезбедат поквалитетен превоз за патниците, но и заштита на животната средина.

„Финансирањето на овој проект ќе биде делумно обврска на Владата на Република Македонија, а делумно на товар на градот. Во овој момент политичката криза е пречка за реализација на проектот.“, вели Јанушев.

Првичните информации беа дека нивната вредност би требало да биде некаде околу 20 до 25 милиони евра, со оглед на тоа дека еден од зглобните автобуси чини некаде околу 600 до 650 илјади евра, додека пат минибусите некаде од 300 до 350 илјади евра.