ЈСП денеска и утре сообраќа по неделен возен ред

Од ЈСП-Скопје информираат дека денеска и утре (петок и сабота), поради државниот празник Денот на републиката - Илинден, возилата на јавниот градски превоз сообраќаат по неделен возен ред.

Дежурни билетарници од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците:

- на Транспортен центар

- во Ѓорче Петров

Жичницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20.00 часот.

- од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот

- во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.