ЈП Водовод и Канализација со важно известување за оваа скопска населба

Утре, 17.08.2022 година, поради уличен дефект од Ф - 200 мм во парк шумата Гази Баба – во близина на резервоарот на ЈП Водовод и Канализација, намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од населба Железара.

Од ЈП Водовод и Канализација информираа дека слабиот притисок ќе трае во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.