ЈП „Водовод и канализација“: Преземаме активности за непречено функционирање на атмосферската канализација

 Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштија дека по обилните врнежи од дожд и засилениот ветер нивни екипи во текот на вчерашниот ден почнале со активности за расчистување и непречено функционирање на атмосферската канализациска мрежа.

Екипите на претпријатието и денеска продолжуваат со расчистување и проверка на функционалноста на сливниците и шахтите во сите општини на територијата на град Скопје, стои во соопштението.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд до осум часот изутрина наврнал во Демир Капија каде се измерени 59 литри на метар квадратен како и во Скопје-Петровец – 54 литри и во Охрид 50.

УХМР за денеска најавува претежно облачно време со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен.фф/лв/