ЈП Водовод и канализација: Долговите до 31 декември 2017 може да се платат без камата

ЈП Водовод и канализација – Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети пренесени кај нотарите и извршителите како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

Согласно одлуката, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.

Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на kontakt@vodovod-skopje.com.mk и https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/.