ЈП Лајка во недела организира Изложба на кучиња

ЈП Лајка во соработка со Кинолошкиот сојуз оваа недела, 22. мај, во 10:00часот организира Изложба на кучиња во хотелот „Белви“. 

Идејата на овој настан е да им се даде еднаква можност и привилегија на сите кучиња кои не се расни, да учествуваат на една професионална изложба каде сопствениците ќе може гордо да ги презентираат своите миленици, истакнувајќи ги нивните позитивни карактерни особини и таленти, велат од претпријатието. 

Ќе има различни фан категории во кои секој сопственик може да го пријави своето куче: најубаво стилизирано куче, најигриво, куче што личи на својот сопственик, омилено куче на судиите, најубава женка, најубав мажјак, најубаво куче во спортски дрес...итн.

Настанот ќе биде од забавно-едукативен карактер и ќе има за цел промовирање на кампањата за вдомување на бездомни кучиња.

На оваа изложба може да се пријават сите граѓани кои имаат домашен миленик мешавина од различни раси, а воедно ќе бидат поканети сите оние кои досега вдомиле куче од прифатилиштето на ЈП Лајка.

Секој сопственик може да аплицира со своето куче во повеќе категории истовремено, а пријавувањето е отворено до 20.05.2022 година, 16:00часот .