ЈП Лајка организира предновогодишна хуманитарна забава

ЈП Лајка ги поканува сите граѓани, активисти, љубители на кучиња, пријатели и соработници на претпријатието овој петок во кафе барот “Младост“ во Дебар Маало на предновогодишна хуманитарна забава.

-2022 година успешно ја одбележавме со многу интересни настани во кои заеднички се дружевме и уживавме, па сакаме да ја заокружиме со уште еден настан, последен за оваа година, во пресрет на новогодишните празници. На овој настан ќе се дружиме со нашите шепасти пријатели, ќе има хуманитарен базар со новогодишни рачни изработки и ќе собираме донации за кучиња во ЈП Лајка. Потребни се ќебиња, тањирчиња, околувратници, поводници, играчки, универзални средства за чистење...порачаа од Лајка. 

На настанот гостите може да присуствуваат заедно со своите миленици!