ЈП „Лајка" го одбележува Меѓународниот месец на миленици, вдомени над 100 кучиња

Изминатите месеци се вдомени над 100 кучиња на територија на Град Скопје, информира денеска ЈП „Лајка" по повод Меѓународниот месец на милениците.

– Во месец мај, во нашиот календар го заокружуваме значењето за милениците во животот на луѓето. Одбежување на овој месец значи и оддавање важност, подигнување на свеста за градење одговорно сопствеништво и грижа кон милениците. Прифатилиштето на ЈП Лајка изминатите месеци направи значаен исчекор во подигнување на културата за вдомување на бездомни кучиња, вдомувајќи над 100 прекрасни кучиња на територијата на град Скопје, наведува ЈП „Лајка" во денешното соопштение.

Оттаму најавуваат дека ќе продолжат со организирање кампањи и отворени денови за љубителите на кучиња, преку кои ќе ги едуцираат граѓаните за важноста од грижата кон бездомните животни, придобивките од вдомување и чување миленик и придобивките по здравјето на милениците.