ЈП „Комунална хигиена“ спроведува акција за чистење на градот

Во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот амбиенталниот воздух во градот, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна масовна акција за чистење што ќе се одвива на територијата на сите скопски општини.

Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови денеска се спроведува и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни.

Генерално чистење се одвива и во реонот на Железничката станица и Транспортниот центар, додека изутринава се изврши и рачно миење со автоцистерна на плоштадот Македонија, каде што беше комплетно исчистен теренот по дислоцирањето на лизгалиштето.

Акцијата се реализира со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на викендот и претстојната недела.