ЈП Комунална Хигиена - Скопје целосно ја расчисти локацијата кај опожарената дива депонија во Ѓорче Петров

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во целост ги отстранија остатоците од опожарената дива депонија лоцирана на улицата Кузман Шапкарев, во скопската општина Ѓорче Петров, во непосредна близина на последната постојка на автобусот број пет.

„Станува збор за обемна дива депонија со зафатнина од приближно 30 кубни метри, што беше опожарена од страна на непознати сторители. Наведената локација е целосно расчистена, а ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до жителите на оваа скопска општина комуналниот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови и на тој начин да придонесат за заштита на својата животна околина“, се вели во соопштението.