ЈП Комунална Хигиена: Редовно ги чистиме спомен-обележјата во Скопје

Јавното Претпријатие Комунална Хигиена ја известува јавноста дека се невистинити објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаана интернет дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Имено, споменикот на Гоце Делчев како и бројни други споменици низ градот се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална Хигиена во изминатиот месец дури три пати има превземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси.

Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни мерки.

Повторно апелираме и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини.