ЈП Комунална хигиена ги замени оштетените корпи за ситни отпадоци во Ѓорче Петров

ЈП Комунална хигиена - Скопје во текот на вчерашниот ден ги замени оштетените корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Ѓорче Петров.

„Замената беше спроведена на повеќе локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови. Во согласност со Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје врши празнење на вкупно 2300 корпи наменети за одлагање ситни отпадоци поставени на територијата на сите скопски општини“, се вели во соопштението на ЈП Комунална хигиена - Скопје.