ЈП „Градски паркинг“ - Скопје со потсетување до корисниците на услугите

ЈП „Градски паркинг“ - Скопје, упатува потсетување до сите корисници на паркинг услугите по основ на категориите: станар, вработен во правен субјект, правно лице и физичко лице, да ги ажурираат своите податоци и воедно да ги обноват своите договори.

-Доколку корисниците на горенаведените услуги, не ги ажурираат своите податоци и не ги обноват договорите додека трае ревизијата, како претпријатие ќе бидеме принудени да ги исклучиме електронските картички на корисниците на затворените паркиралишта, а корисниците на зонското паркирање да ги исклучиме од системот каде се заведени, информираа од претпријатието. 

Ажурирање на податоците и обнова на Договор, корисниците на градскиот паркинг може да извршат во канцелариите на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, кои се наоѓаат во Центар на ул. Ѓуро Стругар“ бр. 15А (до катната гаража „Беко“), или во Аеродром на бул. „Јане Сандански“ бр.113, во зависност во кој реон се користи паркингот.