ЈП „Градски Паркинг“: Продолжуваме со опремување и уредување на јавните паркиралишта

Од Јавното претпријатие „Градски Паркинг” - Скопје, информираат дека се продолжува со интензивна работа на уредување и опремување на катните гаражи и останатите затворени паркиралишта.

-Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „ПАКОМАК”, донираше 78 канти за отпадоци со намена за подобрување на хигиената на паркинзите, а истите се планирани за поставување на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ - Скопје. Овој договор за донација е склучен со Град Скопје, а одлуката за предавање на донацијата на трајно користење на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје е донесена на Совет во месец јули - се вели во објавата на ЈП „Градски паркинг“ - Скопје.

Имено, целосно е опремена катната гаража „26 Јули”, односно поставени се 32 канти за отпадоци, а од претпријатието соопштија и дека во наредните денови ќе бидат поставени вакви канти и на останатите паркиралишта на ниво на градот.