Јордановска за уличните кучиња: АХВ, разбуди се од зимски сон и постапувај по стотиците пријави за неодговорно сопствеништво

Новинарката Мери Јордановска која е и позната активистка за заштита на животните со предлог-решение за уличните кучиња. 

-Ангажирајте лица во општината кои за секое едно куче со сопственик ќе проверат дали е чипирано! Ако не е, прво казна, па чип! Забранете на ветеринарите да прегледуваат кучиња со сопственик кои немаат чип! Воведете ригорозна забрана - со парење на кучиња да можат да се занимаваат само регистрирани одгледувачници, за да може да се следи трагата на кучињата! Стерилизирајте си ги милениците! АХВ, разбуди се од зимски сон и постапувај по стотиците пријави за неодговорно сопствеништво, за фрлање кучиња пред контејнери, за напуштање миленици! Не со усмена опомена, туку со казни од стотици и стотици евра! - порача таа нотирајќи дека вака страдаме сите.

-Ама баш сите! Поради гниди и психопати како убиецот од Струга, и факт, поради бројката на улични кучиња која е веќе алармантна.А  убиецов сега што направи, за оние кои му ракоплескате, еве најпластично - зградата ви врие од хрчаци, некој зема и ги убива, еден по еден. А тој што живее на трети спрат уствари си одгледува хрчаци и си ги пушта да шетаат низ зградата. Ете колку постигна психото. Уби 10, утре ќе имаме нови 50. Поради ЛУЃЕТО. И поради неказнивоста, смета Јордановска.