Новинарката Мери Јордановска на нејзинот Фејсубк профил напиша дека ништо не може да ја врати Фросина назад, трагедијата е преголема но овој пат грешката таа не може да ја види во судскиот систем.
„12 години затвор за сообраќајна несреќа со смртни последици е највисоката изречена казна, барем според судската статистика што ја следев до пред 3 години. Ништо не може да ја врати Фросина назад, за жал, трагедијата е преголема, нема зборови со кои може да се опише болката, но овојпат навистина грешката не можам да ја видам во судскиот систем.
Половина од казните изречени за сообраќајни несреќи со смртни последици се УСЛОВНИ. Во случајов, имаме 12 години, што значи дека човек ќе влезе во Идризово на 21 година, а ќе излезе на 33 години. Утре ќе се протестира и ќе се бара тој да излезе на 41 година, оти тоа е максимумот, не може повеќе“, напиша Јордановска
Таа посочува дека затворите создаваат нови криминалци и ментално онеспособени личности.
„А дали некој помислува дека тој затвор создава само нови криминалци и ментално онеспособени личности, кои кога ќе излезат, ќе бидат сѐ освен рехабилитирани и подготвени некако да придонесат во општеството? Не. Затворите раѓаат уште поголеми криминалци и онеспособени лица. Но, тој аспект често се занемарува. Знам дека нагонот да се бара доживотен затвор често ни личи како излез од сѐ, но не е. Реалноста покажува дека не е. И тука повторно доаѓаме до системот, дека ние немаме ПРЕВЕНЦИЈА. За ништо. Лечиме последици, причините ни се во заден план. Да не речам во непостоечки план. Од милион причини, за кои допрво треба да се дебатира. И за тоа треба да протестираме.
Во прилог статистиката: https://vistinomer.mk/polovina-od-predizvikuvachite-na.../“, додава таа нејзиниот статус на Фејсбук.