Јохан Тарчуловски денеска го посети домот за стари лица во населбата Припор

Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, Јохан Тарчуловски денеска го посети домот за стари лица во населбата Припор и со мало задоцнување им го честита 1 октомври интернационалниот ден на повозрасните лица.

„Во нашиот брз стремеж кон иднината никако несмееме да заборавиме на минатото. Несмееме да дозволиме да заборавиме на оние кои не донесоа на овој свет, на оние од кои научивме и се уште учиме. Несмееме да заборавиме на нашите родители кои секогаш биле тука за нас. Сега сме ние на ред да им се оддолжиме и нивната старост ја направиме достоинствена и удобна. Затоа во нашата програма предвидовме повеќе мерки токму за нив, нашите родители, пензионерите.

„Активирање на пензионерските клубови, бесплатна телефонска линија за помош, волонтерска помош од младинските клубови за тешко болни и неподвижни пензионери кои живеат сами, во извршување на секојдневните обврски, бесплатни екскурзии, бесплатен интернет во пензионерските клубови, бесплатни обуки за компјутери, изградба на пензионерски катчиња во парковите, со шаховски и пинг-понг маси. Прогласување на 11 – ти октомври за ден на пензионерте на општина Кисела Вода, како и организирање на натпревари помеѓу пензионерските клубови во шах и други вештини со интересни награди.