Јога вежба која ќе ви помогне да ја намалите вкочанетоста во телото

Со постојаниот стрес и притисок кој го чувствуваме, сите ние бараме начини како да ги опуштиме нашето тело и ум.

Но, јогата може да ни помогне да го постигнеме тоа. Иако постојат многу вежби кои можат да помогнат во тоа, денеска споделуваме една многу едноставна вежба која е позната за оние кои практикуваат јога, а се нарекува поза на дете.

Таа е соодветна за сите нас, без оглед на возраста, а има огромна моќ да ни помогне да го фокусираме здивот и да ги опуштиме мускулите.

Како да ја направите оваа поза:

  1. Седнете на колена и исправете го грбот.
  2. Потоа испружете ги рацете напред, колку што можете, спуштајќи ги градите на подот. Раширете ги малку коленат и
  3. Дишете така неколку минути, колку што ви е доволно да се опуштите.

Со оваа поза можете да го опуштите целото тело и да ја правите секогаш кога ќе најдете слободно време.