Јелена Томашевиќ од Охрид го најави својот концерт во Античкиот театар, под ѕвездите

Познатата српска пејачака Јелена Томашевиќ од Охрид го најави својот претстоен концерт токму тука, во прекрасниот град на Охридското Езеро. 

Концертот на Томашевиќ е закажан за 6. август, а ќе се одржи во Антички театар.

 Една од најпочитуваните музички ѕвезди на Балканот дојде неколку дена пред концертот, несомнено да ужива во убавините кои ги нуди Охрид. 

На Инстаграм сподели неколку фотографии од своите прошетки и тоа во манастирот Свети Наум, по охридското крајбрежје, во Старата охридска чаршија...