Jazz night w/ SkopjeJazzInc во Бруклински Џез Бистро

SkopjeJazzInc е бенд составен од етаблирани џез музичари, познати имиња кои се активни како на домашната, така и на меѓународната сцена.

Овие џезери имаат цел да ве забавуваат со различна музичка програма, па затоа во зависност од репертоарот, секоја недела ќе настапуваат во изменет состав.

Во вторник вечер (24.04.2018), со почеток од 20:30 часот, ќе ги слушате во состав: Трајче Велков – труба, Филип Димишковски – пиано, Горан Ѓешовски – бас, и Виктор Филиповски – тапани.

Резервирајте на време поради ограничени места, на: 078 337 843 / 02 6091 844, или преку порака на нивниот фејсбук профил.