Јавноста реагира на планот на Шилегов за „Лајка“ - ќе бидат убиени речиси 70% од бездомните животни

Во средата навечер во тензична атмосфера помина расправата за програмата на ЈП „Лајка“, кое одамна требаше да проработи и да го замени, на подобро, Вардариште. Невладините организации и граѓаните бараат да се повлече или да се промени, како што велат, ужасната и нехумана програма на скопскиот градоначалник Петре Шилегов за бездомните кучиња.

Организациите стравуваат дека со оваа програма ќе бидат убиени речиси 70% од бездомните животни и дека „Лајка“ ќе биде масовна гробница за животните.

Од „Анима мунди“ велат дека се прави невиден преседан и злоупотреба преку програмата и дека се прекршува Законот за заштита и благосостојба на животните.

ЈП Лајка и Градот Скопје се финансирани од народни пари и да не бегаат од одговорност, и во ниту еден случај не смеат да наметнуваат правна и материјална одговорност на хуманите граѓани кои со сопствени ресурси се грижат и помагаат на заедницата за бездомни кучиња, реагираат од таму.

На Шилегов му пристигнаа закани и од меѓународна организација за заштита на животните ЕНПА кои побараа или да се повлече и промени штетната програма за животните или ќе ги искористат сите свои ресурси и ќе привлечат меѓународно медиумско внимание на проблемот.