Јавниот превоз во Скопје повторно во прекин

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека од денеска од 21 часот, па до понеделник до 5 часот, јавниот превоз во градот нема да функционира.

Оттаму посочуваат дека времениот прекин е согласно одлуката на Влада на Република Северна Македонија за забрана на движење на населението во посочениот период на територијата на Скопје.

ЈСП наведува дека јавниот превоз денеска ќе функционира до 21 часот.

– Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред, соопштуваат од ЈСП.

Во прилог се последните термини на поаѓање пред 21 часот, додека останатиот распоред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.