Јавниот превоз во Скопје нема да функционира од утре во 11 до вторник до 5 часот

ЈСП информира дека од утре, недела (24.05.2020 год) од 11 часот до вторник (26.05.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Времениот целосен прекин на сообраќањето на автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници е согласно Одлуката на Влада на РМ за забрана на движење на населението во посочениот период.

Во недела сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред од 5 до 11 часот.

Утре, недела (24.05.2020 год) нема да има дежурни билетарници и центри за персонализација.

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира од вторник (26.05.2020 год) од 5 часот, а автобусите ќе сообраќаат до 19 часот, по саботен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.

Останатиот возен ред е достапен за преглед на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.