Јавна анкета за предлог ДУП во населба Пролет

Од Општина Центар соопштуваат дека наредниот понеделник започнува јавната анкета на Предлог Деталниот урбанистички план Градска четврт И 06-Пролет.

Ова е првиот ДУП, кој откако го мина филтерот на Комисијата која беше формирана за испитување на 31 ДУП и утврди дека урбанистичко планската документација за овој ДУП е во согласност со Генералниот урбанистички план, премина на изготвување на Предлог Детален урбанистички план.

Измените се со цел да се реши проблемот со предвидените висини во стариот ДУП, кои бе а повисоки. Со такви двојно поголеми висини ќе се нарушеа параметрите и немаше да се задоволат потребите од зеленило и паркирање на жителите.

Со ова привршува периодот на Мораториум за спроведување на 31 ДУП, кои општинското раководство на ВМРО-ДПМНЕ пред 2013 година ги носеше на брзина, во ноќните саати и според желбите на центри на моќ а не според интересите на граѓаните. Ново изработените ДУП-ви, по Мораториумот, ќе овозможат рационалното уредување, услови за хумано живеење, надминувањето на урбаните бариери на лица со попреченост, заштита и унапредување на животната средина, а особено вклучувањето на јавноста во постапката за донесување и спроведување на планската документација.

Предлог Детален урбанистички план Градска четврт И 06-Пролет, Општина Центар-Скопје, плански период 2015-2020 ќе биде изложен во просториите на урбана заедница „Мирче Мацан“ (ул.„Пролет“ бр.39) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 28.5.2018 до 8.6.2018 година.

Контакт телефони 3203 605 и 3203 660 и email: planiranje@centar.gov.mk.

Во определениот рок, заинтересираните физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

new nike air max 2019