Јавен повик за богата дегустација на европски и македонски специјалитети во општина Центар

Општина Центар распиша јавен повик за манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“, по повод Меѓународниот ден на семејството, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.

„И годинава не очекува богата дегустација на европски и македонски специјалитети, многу дружење и културна размена во Паркот на франкофонијата. Ги повикуваме сите здруженија, организации и правни субјекти од територијата на Центар, кои имаат искуство во областа на културата, туризмот и маркетингот, да аплицираат и да бидат дел од оваа традиционална манифестација. Заинтересираните може да се пријават на линкот во прилог: https://www.centar.gov.mk/?p=25192“, се вели во неговиот Фејсбук статус.