Јавен повик за ангажирање на лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби во Општина Центар

Општина Центар објави јавен оглас за ангажирање на лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби.

- Станува збор за Јавен повик кој се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот циклус, а зголемен број на учесници со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата. За потребните услови и документи прочитајте на следниот линк - https://www.centar.gov.mk/?p=16446, информира градоначалникот Горан Герасимовски.

Јавниот оглас трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот.