Јас избирам да го сакам животот

Забележав дека премногу навлегувам во проблеми, анализи, тешкотии и лекции.

Некогаш премногу размислувам за тоа каков е мојот живот. Иако имам благодарност за тоа што го имам, сепак има денови кога премногу анализирам дали ова што го имам ми е доволно или ми треба повеќе. И, секако – секогаш ми треба повеќе.

Но, јас денес решив да го сакам животот.

Ќе сакам и очекувам повеќе, ќе се борам за повеќе среќа, ќе копнеам по нови искуства, но јас ќе го сакам животот онаков каков што е, таков каков што го имам денеска.

Животот е убав, тој нè носи низ различни мигови: осаменост, радост, потполна блискост, горки разочарувања и радости. Но, тој е таков за сите нас и вреден. Треба да го сфатиме тоа пред да ни помине пред очи и да почнеме да се каеме за нештата што сме ги пропуштиле.

Често проблемите се само мала капка, а ние од нив правиме слон. Ги зголемуваме, ги правиме огромни, премногу значајни и дозволуваме да ни влијаат на тоа како живееме. Предаваме премногу значење на тоа што не е важно. Ако се тргнеме само малку од нив, тие исчезнуваат сами по себе. Или пак забележуваме, дека никогаш не ни постоеле.

Јас избирам да го сакам животот, да создавам убави нешта. Сакам да вложувам убава енергија, внимание и љубов. Ова си го говорам себеси секој ден и не се лутам на работите и луѓето кои не можам да ги променам.