Јапонска техника за ослободување од стресот и подобро расположение

Ова е јапонска техника која се користи за опуштање, а поволно влијае на нашето здравје.

Photo by Kevin Young on Unsplash

Станува збор за прилично едноставна навика. Јапонците применуваат техника на опуштање со што поминуваат барем половина час во природа, односно во место каде има многу дрвја. Тоа е така бидејќи во шумите се наоѓа изобилство на негативни јоги кои ни помагаат да се опуштиме.

За пример, научниците од универзитетите во Парма и Милано во 2019 година ја објавиле студијата во која биле вклучени околу 1000 испитаници со што било докажано дека поминатото време меѓу дрвјата значително влијае на намалување на кортизолот, кој е познат како хормон на стрес. Освен тоа, резултатите покажале дека оваа навика значително влијае на срцевата функција, белите дробови, имунитетот и расположението.

Јапонците применуваат една техника на длабоко дишење при престојот во природа, каде издишувањето треба да биде двојно подолго од вдишувањето. На пример, вдишете преку нос до стомакот, броејќи до три, а потоа издишете преку нос или уста броејќи до шест.