Јанкулоска: Ако некој ме бара јас сум дома

- Нема потреба од спектакли, опсада на зградата во која живеам, вознемирување и претресување на соседите. Ако некој ме бара јас сум дома и на крај памет не ми паѓа некаде да бегам. Ништо не е поскапоцено од секој момент поминат со семејството - објави на социјалните мрежи поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска по шпекулациите дека ја напуштила државата. 

Таа објави и фотографија од својот дом на која се гледа обезбедување пред нејзината зграда.