Јанчев: Надлежните да проверуваат лиценци на туристички агенции и превозници

 Надлежните што издаваат лиценци на туристички агенции и превозници да ги проверуваат лиценците, апелираше попладнево градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев, откако се појави видео на кое кавадаречки средношколци,  туркаат автобус на екскурзија во Франција. 

Тој повика државните органи да вршат поголеми контроли во овој сектор, а да се воспостават и подобри критериуми за транспорт. 

- При издавање на лиценци и за внатрешен и за меѓународен транспорт, да има поголеми критериуми при добивање на лиценци. Да не може, на пример, со стар автобус, да се вози во странство, појасни Јанчев за МИА.