Јакимовски: Да не си игра некој со власта и со опозицијата

Градоначалникот на Општина Карпош, од ГРОМ, Стевчо Јакимовски, гостуваше во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. 

Една од темите на раговор беше и политичката ситуација во град Скопје, односно политичките препукувања помеѓу градската власт и опозицијата. Во однос на билбордите кои се поставија низ Скопје изминатиот викенд, градоначалникот Јакимовски рече дека „истите билборди се гледаат низ Скопје, како од истата кујна да излегле“.

-Ист графички дизајнер е на билбордите, нели беа претходно Заев, Ковачевски и Бислимовски. Како исти нарачател да е. Да не си игра некој со власта и со опозицијата - заклучи градоначалникот Стевчо Јакимовски во вчерашното гостување во „Само Вистина“.