Јакимовски: Ако некој мисли дека Европа ни треба за да нашите деца отидат таму и да им ги чистат улиците - Jас сум експлицитно за не!

Лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, во гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ, порача дека дека ако некој мисли дека Европа ни треба за да нашите деца отидат таму и да им ги чистат улиците, тој е, како што рече,  експлицитно за НЕ! 

-Овој народ мора од нешто да живее, овој народ мора нешто да работи, ако некој мисли дека Европа ни треба за да нашите деца отидат таму и да им ги чистат улиците. Jас сум експлицитно за не! Нас ни треба – ние да си создадеме услови за живот и овој народ да има каде да работи, каде да живее. Џабе ти е плата од три илјади евра кога станот ти е милион евра. Кога ќе го заработиш тој стан? Овде каде што имаш ти стан, каде што имаш куќа, каде што имаш услови, каде што имаш роднини каде што имаш навики итн., вели Јакимовски. 

-Во Македонија сме културолошки компатибилнни, тука сме си дома и ние наместо овде да донесеме овде инвестиции – значи ние државата треба да ја отвориме да странски инвестиции во делот на енергетиката, во туризмот, во земјоделието, во делот на транспортот – ајде да видиме кој сака да ја гради Солун-Скопје пругата. Не знаеме ние да се возиме со двеста и педесет километри на час? Само тие во Германија и Холандија знаат?, праша Јакимовски.