„Јагуар“ прегази 28-годишник во Гостивар

Пешак прегазен во Гостивар. Завршил во болница со тешки повреди. 

- На 06.12.2025 во 00:30 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар патничко возило „јагуар“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(26), удрило во пешакот Р.Ј.(28), двајцата од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар, информираа од полицијата., 

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.