Јадранското море со рекордно низок удел во заштитените подрачја, потребна е итна акција

Др. Андреј Совинц е професор на словенечкиот Факултет за математика, природни науки и информатички технологии на Универзитетот Приморска, каде на катедрата за биодиверзитет ги предава предметите Зачувување на копнените екосистеми, Заштитени подрачја и Одржливо користење.  Автор е на бројни книги и еден од водечките експерти во областа на животната средина во Европа. Поседува значајно искуство во планирање, воспоставување и управување на заштитени подрачја/ Natura 2000 области и обновување на живеалишта. Тој исто така е активен во заштита на природата на меѓународно ниво, каде за пример, го координираше IUCN Европскиот Акциски План (IUCN претставува Меѓународна унија за заштита на природата), а од 2012 година наваму ја координира Европската мрежа составена од повеќе од 700 експерти во рамки на Комитетот за заштитени подрачја на IUCN. 

Др. Совинц, многу ценет предевач и пријатен соговорник ја претстави студијата со наслов „Анализа на заштитени морски подрачја во EUSAIR и предлози за корективни мерки” на заинтересираните страни  одговорни за заштита на животната средина во Јадранско-Јонскиот регион во рамки на EUSAIR. Овој настан создаде можност за интервју со Др. Совинц кој ни откри детали за алармантната состојба на светските мориња, при што не се исклучок ниту морињата во Јадранско-Јонскиот регион, кои имаат најмал удел во заштитените подрачја меѓу сите регионални мориња во Медитеранскиот регион.

 ***

Заштитата и одржливото управување со морските подрачја е задолжително и  регулирано со голем број на меѓународни договори и законски обврски. Тоа ги вклучува и Конвенцијата на Обединетите Нации за биолошка разновидност и Стратегијата за биодиверзитет 2030 на Европската Унија. Кои се целите и кој е одговорен за нивната имплементација во земјите на Јадранско-Јонскиот регион?

 ЕУ Стратегијата за заштита на биодиверзитетот 2030 поставува амбициозна цел за воспоставување на транс-европска мрежа на природните подрачја на копно и море, вклучувајќи и правна заштита за најмалку 30% од копнените површини, вклучувајќи ги и внатрешните води и 30% од морињата во Европската Унија, односно една третина од областите или 10% од копното и 10% од морињата мора да бидат строго заштитени подрачја. Сепак, Конвенцијата на ОН за биолошката разновидност е меѓународно правен инструмент за зачувување на биодиверзитетот, одржливо управување со неговите компоненти и правично споделување на придобивките кои произлегуваат од употребата на генетски ресурси, која е ратификувана од 196 земји.

Земјите членки на ЕУ имаат должност на својата територија да воспостават систем на правна заштита на природните подрачја на копно и море, вклучувајќи ги и заштитените подрачја на национално ниво (национални и пејзажни паркови, природни резервати…), еколошки мрежи како Natura 2000 и други подрачја кои значително придонесуваат кон биолошката разновидност.

Слично прашање поврзано со мрежата  Natura 2000 и транс-европската мрежа на заштитени природни подрачја (TENN), што е со нивната имплементација сè до локално ниво?

Natura 2000 претставува европска мрежа на биолошки највредните локации, утврдени врз основа на научни критериуми, а земјите членки имаат обврска да ги одржуваат условите за обезбедување услови кои ја одржуваат популацијата на одредени видови и состојбата на нивните живеалишта на ниво кое овозможува нивно зачувување. ЕУ не пропишува на кој начин земјите членки ќе ги остварат целите за заштита во подрачјата на Natura 2000, но бара целните  видови и хабитати во тие подрачја да бидат заштитени. Во Словенија, на пример државата подготви Програма за управување со мрежата Natura 2000 во која се одредени целите и мерките за секое Natura 2000 подрачје, како и начините за постигнување на овие цели.

Од друга страна пак, TENN ги вклучува заштитените подрачја на национално ниво, како што се националните и пејзажни паркови, природни резервати, еколошки мрежи како што е Natura 2000 и другите подрачја кои значајно придонесуваат за заштита на биодиверзитетот. Важно е дека директивите на ЕУ се обврзувачки и за земјите кои се во текот на пристапување кон ЕУ, а во EUSAIR регионот тоа се Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија.

Земјите членки на ЕУ имаат обврска да воспостават систем на правна заштита на нивната територија за заштита на природните подрачја на копно и море, вклучувајќи ги и заштитените подрачја на национално ниво (национални и пејзажни паркови, природни резервати...), еколошки мрежи како Natura 2000 и други подрачја кои значајно придонесуваат за заштита на биодиверзитетот. 

Ако ја разгледаме вашата студија „ Анализа на морските (водни) заштитени подрачја во EUSAIR и корективни мерки”, која е конкретно разликата меѓу строго и делумно заштитени подрачја?

На копно,  можноста за одржливо користење на природните ресурси во заштитените подрачја и развој на локалната заедница, на пример во случајот со сточарството значајно се разликува од риболовот во морето. Добитокот не е дел од природниот биодиверзитет; станува збор само за одгледувани животни кои користат поединечни компоненти на природната биолошка разновидност (на пример, трева за пасење) во својата исхрана. Рибите од друга страна се дел од природниот диверзитет за директно намалување на количеството на природни видови преку рибарската мрежа. На некои места, популацијата на риби во морето е толку опустоштена, така што не постои друго ефикасно решение освен поставување на строго заштитени подрачја во кои риболовот е забранет, со цел да се развијат јата од кои овие животни можат да се шират. Вредноста на строго заштитените подрачја во морската средина е неколку пати поголема од вредноста на помалку строго заштитените подрачја каде што е дозволен риболов.

Дополнително, неодамнешните истражувања покажуваат дека делумно заштитените подрачја создаваат илузија на заштита и трошат оскудни ресурси за зачувување, но обезбедуваат имаат мали или никакви социјални или еколошки придобивки. Спротивно на тоа, потполно заштитените подрачја имаат помалку рибни видови и биомаса и се добро разбрани, поддржани и ценети од јавноста.

Во студијата, наведувате дека целта ке 30% заштитени и 10 % строго заштитени подрачја. Дали ова исто така важи и за земјите од Јадранско-Јонскиот регион? Колку  вакви подрачја навистина постојат моментално?

30/10  е целта на Европската Унија. 30% од морињата во ЕУ мораат да бидат заштитени до 2030 година. Секако, оваа цел е тешко остварлива за одредени земји, генерално поради карактеристиките на нивниот дел од морето (на  пример- краткото крајбрежје и малата морска област), но сите земји треба  да ја постигнат оваа цел. Целата мрежа на морски заштитени подрачја во регионот EUSAIR, составена од националните морски заштитени подрачја и мрежата на морски подрачја Natura 2000, одговара на само 3,57% од морската област EUSAIR. Од нив, само 0,07% од морските води во регионот EUSAIR во моментов се под строга заштита.

Кој е финансискиот аспект на обезбедување усогласеност со регулативата во заштитените подрачја? 

 Не постои лесен одговор на ова прашање бидејќи заштитените морски подрачја се разликуваат по локација, големина и сл. Затоа, овие параметри ги одредуваат ресурсите потребни за ефективно управување со овие области.

Главните активности за управување со заштитените морски подрачја на пример се грижа за видовите и живеалиштата, овозможување на разгледувања и посети, следење на состојбата, работа со локалните чинители на морето и брегот (како што е риболовот) и обезбедување одржлива употреба на природни ресурси (на пример туризам), надзор, обезбедување информации за морското заштитено подрачје.

Кои се клучните фактори кои го загрозуваат морскиот биодиверзитет во моментов, и каква е врската помеѓу морските заштитени подрачја и внатрешноста? Кои мерки треба да се применат на овие копнени подрачја со цел морските области да се развиваат успешно?

Постојат многу фактори, меѓу кои можеме да ги одвоиме риболовот, туризмот, морскиот транспорт, загадувањето на морето и брегот, како и урбанизацијата и користењето на земјиштето. Глобалните промени, особено климатските промени и загадувањето претставуваат дополнителен притисок на морската средина. Од клучно значење е копнените и морските заштитени подрачја да се воспостават во биолошки највредните области, тие да ги вклучуваат сите екосистеми, живеалишта и видови, да бидат добро управувани, меѓусебно поврзани преку зелени и сини коридори - области кои не се заштитени, но сепак имаат високо ниво на зачувување на природната средина - и имаат соодветна поддршка од политиката и јавноста.

Кое е вашето мислење, кои земји сметате дека највеќе вложуваат во подигање на свеста за важноста на заштитата на морските видови? И на кој начин – можете ли да дадете пример за добрите практики?

Во суштина,  можеме да кажеме дека свеста за важноста за заштита на природата е поголема на север отколку на југот и истокот на Европа. Сепак, пејзажните паркови Струњан и Дебели ртич во Словенија може да се истакнат како примери на добра практика за подигање на јавната свест за важноста на заштитата на морето и поврзаните неопходни промени во односот на човекот кон природата.

 Како туризмот влијае на морските заштитени подрачја?

 Туризмот од една страна претставува закана, а од друга страна е можност, но масовниот туризам секако е една од најголемите закани за крајбрежниот и морскиот свет. Но, ако туризмот се развива во форма на одржлив модел, во кој развојот на локалната средина има приоритет и притоа ја штити природата, туризмот може да биде и движечка сила за зачувување на морето. Пример за таква форма на туризам е риболов со локални рибари.

На ниво на EUSAIR, препорачувате да се формира акционен план за заштитените подрачја - кои би биле неговите клучни чинители?

Акцискиот план би требало да се имплементира на локално, национално и прекугранично ниво меѓу две или повеќе поморски земји во регионот и на ниво на EUSAIR, што би требало да стане платформа за промовирање на националните цели за да се остварат и целите одредени со ЕУ стратегијата за заштита на биолошката разновидност 2030 – 30% заштитени и 10% строго заштитени морски подрачја.

 Државите мораат да преземат итни мерки за да воспостават нови, што е можно позаштитени подрачја и ефикасно да управуваат со постоечките. Особено важни се строго заштитените подрачја кои би требало да бидат поврзани со сините коридори. Мрежата на морски области Natura 2000 треба да се комплетира и воспостави надвор од територијалните води.

Одлична можност за новите заштитени подрачја се прекуграничните ексклузивни економски зони (ЕЕЗ). По дефиниција, овие подрачја се воспоставуваат и поради заштита на животната средина,  така што во контекст на прекуграничната соработка, земјите со ексклузивни економски зони треба да одвојат одреден процент од овие зони за воспоставување на морските заштитени подрачја.

платена објава