Јаболков оцет – моќен сојузник за здраво намалување на телесната тежина, дијабетес и проблеми со кожата

Јаболковиот оцет е популарна состојка која речиси сите ја имаме во својот дом. Луѓето ја користат со векови во кујната, но и алтернативната медицина.

Според науката, јаболковиот оцет содржи антимикробиолошки и антиоксиндантски својства. Тој е одличен за намалување на телесната тежина, намалување на холестеролот, намалување на нивоата на шеќер во крвта и подобрување на симптомите на дијабетесот.

Помага во уништување на бактериите

Оцетот помага во уништување на патогените, вклучувајќи ги бактериите. Често го користиме за чистење и дезинфекција, а одличен е и за проблеми со ноктите, вошки, како и инфекции на увото. Хипократ, таткото на модерната медицина го препорачувал оцетот за лечење на раните.  

Намалување на нивото на шеќер во крвта и помош при дијабетесот

Овој оцет е особено корисен за намалување на симптомите од дијабетесот тип 2. Тој се карактеризира со високо ниво на шеќер во крвта, кој често е причинител и на мно други заболувања. Најефективниот начин за регулирање на ваквиот проблем е избегнување на преработена храна и шеќери, но јаболковиот оцет исто така нуди многу бенефити за решавање на ваквиот проблем. Во едно истражување било докажано дека јаболковиот оцет го намалува нивото на шеќер за 31.4% по еден оброк кој вклучува 50 гр бел леб.

Намалување на килограмите

Повеќе истражувања покажуваат дека јаболковиот оцет може да го зголеми чувството на ситост, што придонесува да конзумираме помалку калории и така да ја намалиме телесната тежина. Дополнително, едно истражување покажало дека дневното земање на јаболков оцет придонело за намалување на обемот во стомакот и телесната тежина и тоа:

1 лажица јаболков оцет придонела за намалување на 1.2 кг

2 лажици јаболков оцет придонеле за намалување на 1.7 кг

Сепак, имајте предвид дека ова истражување траело цели 3 месеци. 

Ја подобрува кожата

Со оглед на антибактериските состојки, овој оцет може да придонесе за намалување на проблемите на кожата. Некои луѓе користат мало количество на јаболков оцет во млака вода за чистење на кожата. Сепак, треба да знаеме дека чистиот јаболков оцет може да предизвика иритации на кожата и треба да бидеме внимателни во однос на количеството кое се применува.